Codemasters добија понуда за откуп на компанијата

Официјалниот девелопер на Формула 1 играта доби понуда од 973 милиони долари за откуп на компанијата од страна на Take-Two Interactive Software Inc. 

Британската фирма Codemasters преку Motorsport Games е активна во еспортс активностите преку DiRT Rally и моментално организира настани во World RX Esports серијата со над 1.24 милиони гледања во живо. Motorsport Games го организираа и виртуелниот 24 часа Ле Ман кој е најгледаниот настан во историјата со вкупно 14.2 милиони гледачи. 

Take-Two ги поседува брендовите 2К и Rockstar Games а сега сака да го додаде и Ф1 на својата листа на спортови покрај НБА и Голф. 

Основана во 1986 година Codemasters е една од најстарите компаниии за игри и е една од најпочитуваните во бизнисот. 

Codemasters до сега објави 13 Ф1 игри кои се достапни на повеќе платформи за играње. 

Take-Two веруваат дека со спојувањето ќе се обезбеди интерактивна забавна платформа каде двата бренда ќе може да настапат како еден со тркачки игри. Покрај ова Codemasters ќе може да профитираат од дистрибуциската мрежа и операциите во живо, аналитиката, развојот на продкутите, брендот и маркетингот. 

Деталите за зделката вредна 973 милиони долари се појавија и акциите пораснаа за 8,6% во петокот напладне. Во исто време акциите на Take-Two пораснаа за 3% во истиот период. Купувањето треба да се случи до 4 декември. 

Codemasters веќе има договор за да ја прави официјалната Рели игра од 2023 година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ