Drive to Survive му помогнала на Окон

Естебан Окон изјави дека Нетфликс серијата Drive to Survive му помогнала во сезоната кога не беше дел од Формула 1 гридот. 

Екстремно популарната серија на Нетфликс, започна да се емитува во сезоната кога французинот остана без возачко место. Оваа година се снима четвртата сезона и Окон смета дека тоа е силата на Формула 1 да привлече нови фанови. 

Drive to Survive бара многу време и посветеност. Во тоа време немав место во Формула 1. Потоа излезе сезоната и сите ја видоа мојата приказна за што добив подршка. Беше фантастично.

Серијата има огромна публика, доколку гледате трки, мислите дека е се без емоции, но всушност не е така. Нетфликс влезе внатре и покажа како функционираат работите. Се прошири публиката и се виде дека има емоции. Има некои смешни ликови и мислам дека е одлична – смета победникот на последниот гранд при тркачки викенд.

Оваа сезона еден возач ќе има посебно место, а тоа е Фернандо Алонсо, колегата на Окон. Французинот беше пол пофалби за бранењето во Унгарија кое му ја обезбеди победата. 

Алонсо е легенда во спортот и затоа е толку успешен. Тој работи со мене, има одлични идеи и му помага на тимот да го среди болидот. Секогаш размислува од друг аспект. Тој е доста интересен и има доста искуство. Атмосферата во тимот е фантастична. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ