0 ден

Нема производи во кошничката.

KRUG.MK Партнери

ПОЧЕТНАПартнери

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Power Sport System е прва приватна станица за технички преглед и регистрација на моторни возила во Република Македонија. Станицата ги исполнува сите национални и меѓународни стандарди за вршење на дејноста: контрола, технички преглед и регистрација на моторни возила. Покрај овие услуги, станицата нуди и голем број на други услуги, редовни при регистрација на вашето возило, а истовремено вклучувајќи и дополнителни услуги за кои можете повеќе да се информирате преку нивната веб-страница.

ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ

Триглав Осигурување е лидер во исплата на штети на пазарот на неживотното осигурување во Македонија, што само дополнително говори за брзото и ефикасно решавање на штети, сигурноста којашто ја нудат, како и финансиската стабилност на компанијата. Тоа го препознаваат клиентите и го докажуваат истражувањата, според кои пазарот го оценува „Триглав“ како компанија која нуди највисок квалитет, финансиска сигурност и доверливост.

Како да станете партнер?

КРУГ.МК цели кон долгорочни планови и секоја цел која ја поставуваме пред нас води во таа насока. Нашите партнери се компании кои ја забележаа врската помеѓу нивниот бренд и спортот кој го пренесуваме. Тие уживаат во посебни услови на соработка, поврзаност на нивниот бренд и услуги со спортот кој го покриваме, на нашиот портал, како и на нашите профили на социјалните мрежи. Постои еден начин за взаемна соработка, а тоа е успех за двете страни. Не инвестирајте на портали кои се драстично далеку од значењето и мисијата на вашата компанија и бренд, дојдете каде што припаѓате. Контактирајте го нашиот тим за да дознаете повеќе.