Network 10 ќе продолжи со преносот на Ф1

Бесплатниот пренос на Формула 1 ќе продолжи на Network 10 и наредната сезона во Австралија.

Многу прашања се појавија околу бесплатните преноси по договорот за Суперкарс со Seven Network. Со овој договор Fox Sports ќе го покрива секој настан преку свој партнер Seven. Како последица на ова, преносот од трката во Австралија ќе мора да го пренесува друга телевизија. 

Како што е веќе потврдено ViacomCBS која е сопственик на Network 10 ќе продолжи со преносот на Формула 1. 

Сите го сакаме нашиот спорт и во 2021 година, Network 10 ќе ги пренесува најголемите настани од календарот во Австралија. По една година без трка на Алберт Парк, Формула 1 се враќа наредната година со нови забавни содржини. Големиот влог и големите брзини на МотоГП се враќаат и Network 10 ќе остане дел од Мелбурн купот. 

Во изјавата во која се потенција трката во Австралија е потврдено дека мрежата ќе го задржи истото ниво на пренос како и досега. Преносот ќе биде целосен без прекини. Според законите Формула 1, МотоГП и Батурст 1000 мора да се пренесуваат бесплатно без прекини. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ