0,00 ден

No products in the cart.

Oбјавен календарот на спринт трките догодина

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Формула 1 предложи шест патеки каде сакаат да организираат спринт трки наредната година и веќе ги започнале формалните разговори со тимовите за форматот наредната година. 

Во Сабота, на состанокот помеѓу шефовите на тимовите и шефовите на Формула 1 во падокот во Џеда, се појави првиот предлог за спринт трките наредната година. 

На списокот на предложени трки се:

Бахреин ГП – Шакир

Емилија Ромања ГП – Имола

Канадско ГП – Монтреал

Австриско ГП – Ред Бул Ринг

Холандско ГП – Зандворт

Бразилско ГП – Интерлагос

Иако се верува дека тимовите ќе се задоволни со форматот, сепак клучна работа ќе се финансиите. Тимовите бараат екстра приход доколку се случи инцидент и претрпат штета на српинтот, но сеуште има несогласувања на оваа тима. Има тимови кои сметаат дека лимитот треба да се зголеми додека други сметаат дека тимовите треба да добијат екстра приход. 

Првиот предлог е тие да добијат по 500,000 долари по спринт со максимум пет трки и екстра за секој нареден спринт. Парите се проблем за повеќето тимови доколку се оди со спринт форматот и затоа е потребана согласност пред Формула 1 да се вклучи во разговори за други промени. 

Тимовите бараат и други промени. Меѓу идеите има и барање за поени за топ 10 на спринтот, а не само за топ 3 како до сега. Друго барање е официјалната пол позиција да се добива на класични квалификации во Петок, а на спринтот тој што ќе победи да е само победник без пол позиција на трката во недела. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема