Ники е незаменлив, смета Тото

Тото Волф смета дека Мерцедес никогаш нема да може целосно да го замени Ники Лауда, алудирајќи на влијанието кое починатата Формула 1 легенда го имала во успесите на “сребрените стрели“.

Мерцедес си ја обезбеди шестата последователна Формула 1 двојна титула оваа сезона, рекорд во историјата на спортот во сезона во која Луис Хамилтон ја обезбеди својата 6та возачка титула, 5та за “сребрените“.

На почетокот од сезоната започнаа здравствените проблеми на Лауда откако на крајот од минатата година имаше потреба од трансплантација на бели дробови. Ники почина во Мај непосредно прд трката во Монако, а Мерцедес во негова чест константно имаат црвена ѕвезда на својот болид.

Тото смета дека смртта на Лауда смртта на поранешниот Формула 1 директор за трка, Чарли Вајтинг како и на Формула 2 возачот на Антоан Хубер нудат поинаков аспект на поглед кон успесите на Мерцедес.

сезонава беше како луда железница за нас и имавме одлични битки на патеката со нашите конкуренти. горди сме што излеговме повторно на врвот и успеавме да го поставиме името на мерцедес во историјата со 6та двојна последователна шампионска титула.

од друга страна годинава беше неверојатно теша затоа што моравме да се збогуваме со многу пријатели. смртта на чарли силно не погоди, потоа починаа и ники и антоан, како и важен член од нашиот тим кој трагично го загубивме лани.

во мерцедес ники беше човек кој никогаш нема да можеме да го надоместиме како извор на инспирација, глас на разумот, но најважно одличен пријател. горди сме на него – изјави волф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ