- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS Технички Преглед: Подобрувања со кои Ред Бул се доближи до Мерцедес

Откако Мерцедес преминаа кон развој на болидот за следната сезона, Ред Бул продолжуваат со развојот на РБ16 за оваа година и како резултат, разликата во перформанси помеѓу двете екипи се намалува.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

На две од последните 3 трки, Ред Бул се многу поблиску до Мерцедес, а на Нирбургринг разликата за пол позиција беше намалена на 0.2 проценти. Тоа е ефектот од постојаното воведување на нови елементи на болидот. Од почетокот на сезоната, Верстапен и Албон се пожалија за непостојаност во задниот дел и грипот. Болидот е аеродинамички комплициран и очигледно имаа потешкотии се да функционира.

Верстапен беше охрабрен што проблемите во квалификациите во Германија беа ограничени само кон подуправување, што значи дека новиот развој има ефикасност кон задниот дел.

Промени во задната суспензија

Некои делови од аеродинамичните подобрувања за Ајфелското Гранд При не се целосно видливи, сугерирајќи дека истите се можеби во внатрешниот дел од носот. Но еден дел беше јасно видлив со целосно нови детали во задната суспензија.

Висината на задната оска е на повисоко ниво, создавајќи поголем простор помеѓу горните и долните делови за искористување на аеродинамиката. Планот на Ред Бул бил да ги тестира елементите помеѓу петочните сесии, но откако истите беа откажани, Ред Бул ги поставија подобрувањата на двата болида до крајот на викендот.

Промените следат по целосно нов под воведен на Муџело, каде комбинација помеѓу лонгитудни и латерални канали е заменета со само латерални. Лонгитудалните создаваа вортекс кој помага на подот и зголемување на притисокот помеѓу воздухот под подот и атмосферскиот притисок над истиот, со што се зголемува потисната сила.

Латералните канали пред пневматиците помагаат при намалување на непотребниот притисок од ротација на тркалото. Промената е со цел да се извршува истата функција на поефикасен начин.

Со поголем простор помеѓу елементите на суспензијата, целта е да се воведе побрз проток на воздух, со помалку пречки. Комбинацијата од новиот под со суспензијата ќе помогне во таа цел. Со новиот сетап, повеќе воздух поминува помеѓу внатрешната страна на тркалата и дифузерот, а тоа влијае над протокот на воздухот под подот. Колку побрзо се движи, толку повеќе потисна сила се создава.

Подесување на предното крило

За првпат забележани на Нирбургринг, се уникатните надворешни ѕидови на предното крило. Тие се поставени со цел да подобри отстранување на протокот на воздухот околу предните тркала. Промените се сведени на две мали дупки од долната страна на самата ивица од овие ѕидови, веднаш пред тркалото.

Поради големината на дупките, можно е разликата во притисокот да доведе воздухот да се извлече од пред тркалото, со цел да се избегне поделба на протокот на воздухот.

За целиот проток да работи оптимално преку комбинација на висината на болидот, аголот на накосеност, аглите на управување е потребна комплексна равенка, а на Ред Бул им било потребно повеќе време за да напредува на оваа тема.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно