PSS Технички преглед: Ф1 цели на одржливи горива, не на електромотори

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Одговорниот за спортските едноседи во ФИА, инженерот Николас Томбазис, откри дека визијата за Формула 1 во иднина се одржливите горива како еден од врвните приоритети.

Спортот е пред огромна промена на правилата за следната година, а од 2025 година ќе има и “ремонт“ кај моторите, но далеку од вистина се наајвите дека серијата ќе стане целосно електрична. Томбазис верува дека електрификацијата не е иднина на спортот, туку одржливите горива.

ние веруваме дека горивото ќе стане срж на мобилноста согласно нашите предвидувања во иднина во целосно одржлива форма. сакаме во иднина да сме карбон неутрални, да не емитираме никакви штетни гасови со одржливите горива. светот ќе биде се повеќе хибриден, така треба да стане и формула 1 – смета томбазис.

Тој продолжи да дискутира и за другите цели кои треба да го нарават тркањето поинтересно и финансиски одржливо и достапно за се повеќе екипи.

сакаме да ги направиме болидите поефикасни на секој начин. тоа значи дека се што треба да се прави мора да се направи со намалување на трошоците, финансиска одржливост во однос на бизнис модел, а во исто време да се направи тркањето повозбудливо и да се задржи страста кон спортот.

кога ќе се постават сите тие цели, нема едно едниствено и златно решение за да се постигне се, така што разговараме за најдобриот компромис, не исклучуваме никакви технологии и не поставуваме строги насоки и цели кон кои се движиме.

Томбазис постави и временска рамка во врска со потенцијалното носење на одлуките, но не пропушти да посочи дека дискусиите се во тек со актуелните проиводители во спортот.

она што е наша цел е да имаме добра идеја какви сакаме да бидат моторит ево иднина до ова лета, додека во текот на следната година да имаме речиси целосно размислување кое ќе го разработиме.

сметаме дека сега е вистинско време за вакви дискусии помеѓу фиа, формула 1, екипите, производителите и доставувачит ена гориво. во тек се обемни и темелни дискусии кои ќе го решат клучниот аспект на болидот во процесот на преговарање. пример, дали ќе имаме погон на сите четири тркала или пак активна аеродинамика.

со дискусии од таков тип ќе бидеме посилни и ќе можеме подобро подготвени да пристапиме на новит еправила штом почнеме со равој на новите мотори.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема