PSS Технички Преглед: Зошто АМР21 изгледа како најразвиен болид од сите?

Астон Мартин се врати на гридот на Формула 1 оваа година за прв пат од 1960 година.

Тимот го претстави својот нов болид АМР21 во средата попладне, а кој ќе биде управуван од Себастијан Фетел и Ленс Строл.

Новиот Астон Мартин АМР21 е значително различен од неговиот претходник Рејсинг Поинт РП20, како и неговиот предок на Мерцедес В10. Веројатно до поголем визуелен степен отколку досега со кој било од болидите од 2020 и 2021 година.

Неговиот облик опфаќа екстензивно преработено предно крило, нови странични подници и влезови на ладилникот, како и вообичаени промени на штитни плочи од 2021 година за подобро да се исполнат барањата на помалиот регулиран под.

Бидејќи на Астон Мартин им беше дозволена надградба без токени за преземање на задната суспензија на Мерцедес од 2020 година, тимот беше слободен да ги троши токените на шасијата.

Ова им овозможи единствено да ја оптимизираат формата на шасијата кон ревидираните регулативи за аеродинамика за 2021 година. Се чини дека токените можеби се потрошени околу структурата на страничниот под, што изгледа дека е потенок од минатогодишниот РП20.

Ова беше дел од општото смалување на страничните под и прекројувањето на капакот на моторот. Како и новиот Мерцедес В12, горниот дел од има карактеристична испакнатини кои се доста различни по форма, што рефлектира многу поинаква форма на страничен под.

АМР21 се карактеризира со испакнатина на капакот на моторот за да направи место за агрегатната единица.

Превземената задна суспензија од В11 ќе биде особено корисна за да им помогне да се врати изгубената сила според новите регулативи, иако беше всушност дизајнирана од Мерцедес пред да се размисли за тие регулативи.

Контурите на предното крило подразбираат уште поголемо оптеретување на страничните крила, што укажува на голема доверба од аеро-групата на тимот од Силверстоун.

Иако наследството на дизајнот во Мерцедес е сè уште видливо, сега можеме да видиме појасно од минатата година како тимот се развива по својот пат со овој болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ