PSS Технички Преглед: Како Ферари ги реши проблемите со моторот

Неконстантната форма на Ферари на последните трки од сезоната, особено ако се земат во предвид маките од Мексико Сити и силината во Абу Даби, потенцираше колку се важни перформансите од моторот во денешната Формула 1.

Конфигурацијат на моторот е клучна, а фактот дека големината на турбо полначот во моторот на Ферари беше далеку од идеална за големата надморска височина на патеката Ерманос Родригез во Мексико Сити, а секако и висината на Интерлагос, иако не толку екстремна. По последната трка од календарот, самиот тимски шеф Биното посочи дека морале да ги намалат перформансите од моторот поради загриженост во однос на издржливоста.

Откажувањето на моторот ја чинеше Скудерија многу сезонава, Шарл Леклер го “изгоре“ агрегатот во Шпанија и во Баку, додека Карлос Саинз имаше проблеми и се откажа поради моторот на Ред Бул Ринг во Австрија, што беше доволно за италијанците да се насочат кон решавање на проблемот кој реално постоеше.

Следуваше последната трка во Абу Даби кога Ферари повторно беа агресивни со својот 066/7 мотор вграден во овогодинешниот Ф1-75 болид, така што стана јасно дека нашле решение на проблемите кои ги мачеа. Според шпекулации на медиумите, слабата точка била свеќичка во пред-комората на моторот.

Токму таа слабост била отстратена со последната еволуција на системот за внатрешно согорување (Turbulent Jet Ignition) кој за Ферари го прави Mahle од 2016 година и токму истиот им овозможи на италијанците да дојдат на нивото на Мерцедес. Следуваа шест години развој на истиот кој оваа сезона е замрзнат и мора да се користи до крајот на 2025 година.

Turbulent Jet Ignition има свеќичка и вбризгувач на гориво и двете се спакувани во главата на цилиндарот и работат заедно на изгвлекување на максимална моќ. Само 2-3% од горивото се вбризгува во пред-комората, а останатото во главата на клиповите. Мешавината во предкомората е богата и калорична, додека делот кој е во комората со клиповите е многу посироашен, повеќе е воздух одошто гориво.

Палењето на свеќичката реагира на многу богатата мешавина во пред-комората и предизвикува создавање на плазма џет, слично како млазните авиони, кои поминуваат низ отворот од капачето. Поради многу високиот притисок, сиромашната мешавина самата се пали во неколку точки од комората, а пламенот се шири низ целиот цилинтар. Ваквиот систем придонесува за покусо време на согорување кое обезбедува две предности:

  • сиромашната мешавина во комората значи дека ефектот на детонација кој може да направи штета е наамен што пак значи дека може да се користи зголемен процент на компресија за добивање повеќе перформанси и
  • тимовите сеуште се ограничени на тоа колку гориво може да потрошат во текот на трка (110 килограми) за исто вбризгани количество се добива поголем термален ефект кој исто така носи повеќе моќ.

Ферари притискаа со развојот на овој дел за да го искористат максималниот притисок под кој може да работи системот за вбризгување кој стигнал до 500 бари, максимум дозволен согласно правилата. Но, екстремниот концепт довел до зголемена температура што пак довело то кршење и оштетување на свеќичката.

Поради појавениет проблеми, инженерите морале да го прилагодат мапирањето и да не ја притискаат свеќичката над лимитот, додека надворешен снабдувач работел на материјал кој ќе може да го истрпи притисокот и жештината за да се добие максимална моќ.

Судејќи од перформансите во Дубаи, проблемот со свеќичката по се изгледа дека е решен што е голем поттик за перформансите на Скудерија догодина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ