PSS Технички Преглед: Кој доби, кој изгуби најмногу од развојот по 11 трки?

Пред Големата Награда на Франција викендов, воедно 12та трка од сезоната, сите тимови во Формула 1 донесоа поголеми или помали надградби во обид да ги подобрат своите перформанси.

Користејќи ја екипата на Ферари како референтна точка од почетокот на сезоната, направена е анализа на придобивките или губитоците кај секој тим.

Ред Бул, како најголем ривал на Ферари годинава со своите надградби ги подобрил своите перформанси за 0.090 секунди по круг пред трката во Франција.

Екипата на Мерцедес има малку поголемо подобрување од Ред Бул, но сепак со заостанување зад двете водечки екипи, односно 0.150 секунди по круг.

Алпин е следен на листата, со минимално 0.010 секунди по круг подобрување, следени од АлфаТаури со 0.100 секунди. Екипата на Хаас е втора екипа севкупно со својата придобивка од 0.220 секунди по круг.

Тимот од Вокинг, Мекларен, исто така има минимални придобивки, од само 0.020 секунди.

Алфа Ромео е губитник на листата, а швајцарскиот тим загубил 0.300 секунди по круг откако вовеле надградби на својот болид.

Астон Мартин е водечки севкупно во својата придобивка со значителни 0.700 секунди по круг, додека Вилијамс добиле 0.190.

Севкупно во поредокот, доколку се смета дека Ред Бул се најбрзи во овој момент од сезоната по надградбите кај сите екипи, Ферари се изедначени со нив по време по круг, додека Мерцедес се трети со 0.520 секунди заостанување. Алпин се 4ти со 0.870 секунди, додека АлфаТаури се петти најбрзи, со заостанување од 1.110 секунди по круг во однос на Ред Бул.

Хаас се шестопласирани, со минимално заостанување зад АлфаТаури и севкупно од 1.180 секунди, следени од Мекларен со 1.2 секунди заостанување, а потоа следат Алфа Ромео со 1.28, Астон Мартин со 1.32 и последни се Вилијамс со 1.72 секунди по круг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ