PSS Технички Преглед: Ферари тестираа делови за следната година

Ферари имаше голем број сензори на болидот на Карлос Саинз во Абу Даби за да ги соберат последните податоци за нивниот болид за 2023 година.

Големата Награда на Абу Даби не е само последна трка од светскиот шампионат, туку и последна можност за тестирање различни решенија на патеката што ќе се интегрираат во 2023 година.

Вообичаена практика е меѓу сите тимови да вградат сензори за аеродинамика на болидите за да ги соберат последните податоци на патеката пред крајот на сезоната.

Ферари собраа податоци на петочните тренинзи со Карлос Саинз, чиј Ф1-75 беше целосно покриен со мрежа од сензори поставени на гребла зад задните тркала. Целта на сензорите е да се измери притисокот на протокот на воздух што излегува од дифузерот и зад задните тркала.

Долната страна е модифицирана, со цел да управува со турбуленциите во делот помеѓу внатрешноста на задните тркала и дифузерот на поинаков начин од она што се случуваше во текот на сезоната.

Ова не се радикални промени, но тие можат да ја зголемат ефикасноста на подвозјето со генерирање на поголема потисна сила и намалување на отпорот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ