PSS Racing на последен тест пред новата сезона во ТЦР Европа

Македонската екипа во ТЦР Европа првенството, PSS Racing Team, изминативе неколку недели имаше доста исполнет календар на активности, со дури 4 предсезонски тестови на легендарните Нирбургринг, Спа, Зандворт и неделава во Словачка.

Сезоната официјално започнува од 7 до 9 Мај, исто така во Словачка на патеката Словакија Ринг. За 2021 година, тимот се прошири со своето присуство на гридот откако беше донесена одлука да возат два автомобила Хонда, од нашиот Виктор Давидовски и Франко Џиролами, брат на познатиот Нестор Џиролами и тркачки советник во PSS Racing.

На досегашните предсезонски тестови, тимот и возачите се фокусираат на изнаоѓање на совршениот баланс на автомобилот, а како што Давидовски потврди за КРУГ.МК, новиот член, Франко, одлично се снаоѓа во екипата и управувањето на автомобилот.

За новата сезона тимот ќе ужива во зголемена поддршка од Хонда на едно високо професионално ниво, кое е реткост за екипи и возачи од нашата земја.

Првенството започнува во Словачка, а потоа ќе премине во Франција на 30 Мај, Зандворт на 20 Јуни, Спа 31 Јули, Нирбургринг 5 Септември, Монца 26 Септември и Барселона 10 Октомври.

За сите информации околу ТЦР Европа и тимот на PSS Racing, следете не на нашиот Facebook профил, како и на страната на нашиот портал наменета за оваа серија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ