Richard Mille и Estrella Gallicia се нови партнери на Ферари

Во пресрет на тркачката сезона, Скудерија Ферари донсе две познати имиња како сво партнери за сезонава и тоа луксузниот производител на часовници Ришар Мил и шпанското пиво Естрела Галициа.

Повеќе од јасно беше дека слабата сезона на Ферари и пласманот на 6то место кај конструкторите нема да ја намали нивната комерцијалан вредност и екипата продолжува да биде магнет за познати спонзори.

Партнерството со Estrella Gallicia 0,0 го прави шпанското пиво како официјално во Маранело и таа соработка не е за изненадување ако се земе во предвид дека Пиварата е личен спонзор на Карлос Саинз од 2013 година, а со него ги поддржуваа и Рено и Мекларен.

задоволни сме што почнуваме ново партнерство со Estrella Gallicia 0,0, бренд во развој во глобалниот пивски сектор. тие се присутни во моторспортот долги години и обрнуваат многу внимание на млади таленти, нешто што ни е заедничко – изјави матиа биното, шефот на скудерија.

Часовничарот Richard Mille е многу познат во моторспортот и е долгорочен партнер на Мекларен, а склучија повеќегодишен договор за соработка со Маранело. Луксузниот бренд ќе биде видлив на болидите и облеката на Леклер и Саинз, а партнерството ќе се пренесе и на другите моторспорт активности на брендот како Компетициони ГТ, Ферари Челинџ, Ферари Академијата, Еспортс серјата.

Секако дека ќе следува и серија луксузни и лимитирани часовници кои ќе бидат во духот на Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ