- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Sky ги доби ТВ правата и за Гермнија

Формула 1 се согласи на нов, долгорочен договор за телевизиските права на спортот на територија на Германија со Sky Deutschland кој ќе има важност од 2021 година така што платената телевизија ќе биде единствен начин за следење на тркачката серија. Сепак, германците најавија дека ќе понудат и четири бесплатни трки во текот на сезоната.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Договорот на Sky доаѓа откако вчера РТЛ најави дека на крајот на оваа сезона ќе престане да пренесув Формула 1 откако тоа го правеа речиси 30 години, а сето тоа поради фактот што не сметаат оти телевизиските права и износот кој го плаќаат за истите се исплатува.

Договорот помеѓу Формула 1 и Sky значи пренос на комплетниот тркачки викенд заедно со сите тренинг сесии и секоја прес конференција, а германците ќе одберат четири трки во текот на сезоната кои бесплатно ќе ги пренесуваат. Од останатите трки ќе емитуваат само најинтересни моменти на својот канал Sky Sport News HD.

Телевизиските права ќе создадат нов канал во германскиот дел од Sky, кој ќе биде прв канал во државата посветен само и исклучиво на Формула 1.

Формула 1 и sky имаат долгогодишна одлична соработка, одлино функционираат заедно за подобрување на преносите на спортот и задоволување на огромната база на фанови. воодушевен сум што нашата соработка продолжува и само се засилува за подобрување на квалитетот на прогрмите на sky – велат од спортот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

🎥 Еве зошто беше казнет Хамилтон

Два стартни обиди за време на круговите кон гридот му донесоа казна на Луис Хамилтон од вкупно 10 секунди. Тој се консултирал со својот инженер...

РЕЗУЛТАТИ

Русија: Победа за Ботас по 10 секунди казна за Хамилтон

Валтери Ботас победи на Руското Гранд При и трет пат по ред завршува на подиум во Сочи откако неговиот колега, Луис Хамилтон, доби казна...

популарно

Хамилтон под истрага, ќе ја задржи ли пол позицијата ?

Луис Хамилтон доминантно стигна до нова пол позиција на Руското Гранд При, но по крајот на сесијата беше повикан на сослушување кај стјуардите за...