Tвит од Рич Енерџи доведе до шпекулации во падокот

Екипата на Мекларен мораше да реагира на збунувачки твит од компанијата за енергетски пијалоци, Рич Енерџи, кои посочија кон можна зделка помеѓу нив и тимот од Вокинг, за која Мекларен изјави дека е само публицитет.

Во твит објавен од поранешните спонзори на Хаас, Рич Енерџи, наведоа дека е можен нов договор со хаштаг поврзувајќи ги Мекларен и нивниот партнер Рено.

Директорот на Мекларен, Зек Браун, изјави дека бил изненаден кога го забележал твитот и бргу истакна дека нема никакви разговори и нема да има со Вилијам Стори околу можно партнерство.

Ми го испратија твитот и човекот очигледно сакал да привлече внимание кон себе. Не сум разговарал со него. Нема да разговарам со него. Мислам дека е обид за публицитет.

Браун вели дека очекува Мекларен да додаде нови спонзори во 2020 година, откако се очекува договорот со Петробрас да биде раскинат. Тој појасни дека договор помеѓу нивниот спонзор Huski Chocolate и Алфа Ромео за трката во Америка не е знак дека компанијата размислува да си замине.

Имаме долгорочен договор со нив. Фин Раусинг, ко-сопственикот на Алфа Ромео Ф1 и сопственикот на Хаски се од истата земја, Шведска и соработуваат.

Има добра соработка. Тие имаат многу луѓе присутни на патеката и сакаа да имаат поголемо внимание кон нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ