TCR Europe и WTCR ги откажаа првите трки

Како и во повеќето тркачки серии, вклучувајќи ја Формула 1, и други првенства под капата на ФИА донесоа одлука да ги откажат првите трки од сезоната.

Таков е случајот и во TCR Europe првенството каде настапува нашиот Виктор Давидовски и неговиот PSS Racing Team. Давидовски ја потврди информацијата за КРУГ.МК во текот на денешниот ден дека првата трка во сезоната закажана од 27 до 28 Март на патеката Спа-Франкошамп во Белгија е исто така откажана.

Во известувањето до тркачите и нивните екипи е наведена сегашната алармантна ситуација со Корона вирусот.

Светското првенство на туринг автомобили при ФИА, во консултација со ФИА, ја откажа првата трка која беше закажана од 24 до 26 Април на патеката Хунгароринг во Унгарија. Одлуката е резултат на мерките превземени од Унгарската влада како одговор на пандемијата од Корона вирусот кои забрануваат јавни настани и собири каде се очекуваат повеќе од 500 луѓе.

Иако откажувањето на настанот не е лесна одлука, здравјето и безбедноста е апсолутен приоритет и за тоа не постои компромис. За жал не е возможно да се презакаже трката подоцна во годината – гласи соопштението од WTCR.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ