TeamViewer е нов спонзор на Мерцедес

Германската софтверска компанија TeamViewer во вторникот соопшти дека склучила петгодишен спонзорски договор со тимовите на Мерцедес во Формула 1 и Формула Е тркачките серии.

Компанијата ќе има брендирање на болидите и тркачките костуми на возачите од трката за Големата награда на Монако и ePrix во Мај. Мерцедес е единствениот производител што се натпреварува во двете серии.

Со седиште во Гепинген, од TeamViewer велат дека цената на зделката е земена во предвид во неодамнешната ревизија на профитот за оваа година, направена кога го објави својот договор со Манчестер Јунајтед овој месец.

Формула 1 привлече зголемен интерес од софтверскиот сектор во последните месеци, со Оракл како партнер со второпласираниот Ред Бул и Когнизант, кој го презеде главното спонзорство на тимот на Астон Мартин.

Извршниот директор на TeamViewer, Оливер Штајл, на видео-конференција изјави дека високо-технолошкиот спорт им нуди на компаниите како неговата опсег на апликации и може да помогне во намалувањето на јаглеродниот отпад на тимовите преку работење од далеку.

Привлечноста на Ф1, особено Мерцедес, како спорт се многуте случаи на употреба. Тоа е она што ги привлекува технолошките компании. Тоа е производство, дизајн, логистика, мониторинг, анализа.

Случаите и примена што е можна во Ф1 е многу извонредна.

Ф1 воведе буџетско ограничување оваа година, а шефот на тимот на Мерцедес и севкупниот шеф на моторспортот, Тото Волф, изјави дека на зделката со новиот партнер ќе му овозможи вредност како дел од финансиските правила.

Со заедничка соработка низ Ф1 и ФЕ, можеме да постигнеме придобивки во технолошките перформанси и ќе помогнеме во оптимизирање на далечинското работење за многу компании низ целиот свет.

Убедени сме дека растот на компаниите како TeamViewer ќе направи значителна разлика во емисиите на СО2 од многу поголем обем.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ