АВСТРИЈА

30

јуни

ПОБЕДНИК ВО 2019

МАКС ВЕРСТАПЕН

ПРВО ГРАНД ПРИ

1970

ДОЛЖИНА НА КРУГ

4,3 км

кругови

71

рекорд

1:06.957
КИМИ РАИКОНЕН

квалификации

15:00

трка

15:10

ВЕСТИ

[td_block_14 tdc_css=”eyJhbGwiOnsiZGlzcGxheSI6IiJ9LCJwaG9uZSI6eyJtYXJnaW4tcmlnaHQiOiIwIiwibWFyZ2luLWxlZnQiOiIwIiwiZGlzcGxheSI6IiJ9LCJwaG9uZV9tYXhfd2lkdGgiOjc2N30=” mx7_el=”0″ limit=”3″ mx1f_title_font_family=”477″ mx1f_cat_font_family=”477″ mx1f_meta_font_family=”477″ mx1f_title_font_transform=”uppercase” mx1f_cat_font_transform=”uppercase” mx1f_meta_font_transform=”uppercase” mx1f_meta_font_size=”12px” mx1f_meta_font_line_height=”16px” mx1f_title_font_weight=”400″ mx1f_title_font_size=”16px” mx1f_title_font_line_height=”20px” tag_slug=”австрија” installed_post_types=”post” td_ajax_filter_type=””]

спилберг

Приказната за Австриското ГП почнува како и кај многу груди трки, собир група на тркачки ентузијасти во 1950тите години. Создале патека во форма на буквата L со помош на конуси и стогови сено во градот Зелтвег. Првата трка таму била одржана во 1958 година со спортски автомобили, победил Вилфганг вон Трипс со Порше, но патеката била критикувана поради нерамнините и таму се одржале само две Формула 2 трки, во 1959 и 1960 година.

Организаторите сонуваа за Формула 1 трка и во 1961 и 1963 година потпишаа договор за организација на трка надвор од шампионатот на која победиле Инес Ајланд и Џак Брабам. Интересот кој тие настани го предизвикаа доведе до раѓање на суперѕвездата Јохен Риндт. Додека тој напредуваше низ помалите ранкови на натрпеварување, Зелтвег се бореше да влезе во шампионатот и успеа во 1964 година со Лоренцо Бандини како победник, прв и единствен пат во неговата кариера. Во 1965 година,Формула 1 реши да не се враќа таму, но трките со спортски автомобили беа сеуште актуелни, а таа година победи Риндт со Ферари.

Успехот на Риндт заедно со растечкиот интерес за Формула 1 трките донесе до инвестирање во изградба на патека за таа цел. Остерајшринг (Osterreichring) беше лоцирана во природен басен и прерасна во една од најбрзите патеки а светот. Импресивните свиоци, одличната естетика и барањето на знаење од возачите ќе ја донесе на ниво на Формула 1 легенда. Првата трка во Формула 1 таму се одржа во 1970 година. Риндт со Лотус доминираше таа сезона и изгледаше дека “ќе се прошета“ на својата домашна трка. Но, на разочарување на домашните навивачи, Џеки Икс беше тој кој прв го виде карираното знаме со своето Ферари. Теоретски секогаш постоеше следната година, но Јохен го загуби животот денови подоцна на Италијанското ГП во Монца и стана единствениот Формула 1 шампион кој постхумно бил крунисан.

Спортот и Австријците беа очајни. Но, наскоро земјата доби нов херој во името на Ники Лауда. Кон средината на 1970тите домашните навивачи секоја година ги преполнуваа трибините во надеж дека ќе го видат Лауда на врвот, но трката секогаш имаше неочекувани победници.

Во 1975 година Виторио Брамбиња победи за Марч при неверојатно лоши временски услови, кога со извртување ја мина стартно целната линија. Следната година Џон Вотсон му ја донесе на Пенски првата и единствена Формула 1 победа, во 1977 година Алан Џонс победи за Шадоу, а во 1982 година Елио де Анџелис го победи Кеке Розберг во една од најблиските трки во историјата. Во 1984 година, една деценија откако влезе во Формула 1, Ники ЛАуда конечно победи во Австрија со Ферари.

По бројни инциденти на стартот, расправии со локалните фамери за паркингот и мислењето дека патеката е небезбедна, Австриското ГП беше изоставено од календарот во 1987 година. На патеката продолжија да се одржуваат трки во други серии, а телекомуникацискиот гигант А1 инвестираше во патеката за да ја развие. Во 1977 година, патеката се врати на календарот под името А1 ринг и остана таму следните 6 години вклучувајќи ја и контраверзната трка во 2002 година, кога Баричело отстапи за да победи Шумахер пред самата целна линија.

По 2003 година трката повторно беше изоставена, а се појавија многу планови за подобрување и инвестирање во автодромот. Конечно, Ред Бул ја превзема сопственоста и под името Ред Бул Ринг патеката се отвори во 2011 година и беше домаќин на ДТМ, Светската серија на Рено и Европскиот Ле Ман.