АЗЕРБЕЈЏАН
28
ВЕСТИ
баку
Во 2016 година најнов додаток во Формула 1 календарот ќе биде Азербејџан и неговиот главен град Баку, од каде тврдат дека ќе бидат најбрзата улична трка во сезоната, на конфигурација дизајнирана од Херман Тилке.
Нашето барање од Тилке Инженеринг беше едноставно – направете уникатна патека, патека која ќе помогне на Големата Награда на Баку да биде највозбудлив дел од Формула 1 календарот и патека на која возачите и екипите ќе се возбудуваат – изјави Азад Рахимов, Министерот за млади и спорт на државата.
Поважно, сакавме патека која ќе ги прикаже најдобрите места во Баку, нашиот главен град и воодушевен сум што патеката и Формула 1 екипите ќе се тркаат тука во 2016 година.
Тилке тврди дека создал предизвикувачка улична патека во поглед на инженерингот и дизајнот, место каде почива атрактивната и урбана атмосфера и одлична комбинација од историја и стил на 21от век. Историскиот центар на градот, прекрасното крајбрежје и импресивната владина зграда се комбинираат заедно за да создадат позадина за спектакуларна патека.
Очигледно е дека уличните, градски патеки носат низа предизвици во однос на дизајнот, но ние бевме во можност да внесеме уникатни функции кои ќе овозможат фантастично тркање за фановите – коментира Тилке.
На пример, ќе има правец на голема угорнина на влез во стариот дел од градот кој ќе ги награди најпрецизните и најхрабрите, но имаме и правец за забрзување од речиси 2,2 км на крајбрежјето каде болидите ќе возат со полна гас до најголемите брзини. Понекогаш тоа ќе биде неверојатен спектакл за фановите крај патеката, но и за оние пред телевизорите.