ИТАЛИЈА
8
ВЕСТИ
монца
Монца се смета за олицетворение на Формула 1.
Не само што е фантастичен пример за патека каде се комбинираат брзина и вештини, тукуа Монца има срце и душа. Тоа е една од најдобрите трки на сите времиња, но и место на најлошите несреќи во историјата на спортот. Имиња на големи возачи, звуци од мотори, стара шума околу патеката, паркови...
Работите на патеката започнаа во 1922 година и истата беше завршена за 6 месеци. По Брукландс во Велика Британија и Индијанаполис во Соединетите Американски Држави, тоа беше трета перманентна тркачка патека. ОВал со банкини беше вметнат во дизајнот на патеката, а нејзината должина изнесуваше околу 10 километри.
Формула 1 за прв пат се појави на патеката во својата прва сезона во 1950 година и остана таму одтогаш. Одтогаш Монца е светок на куп историски моменти, сјајни победи и застрашувачки несреќи. Сето тоа комбинирано го дава едно од најмагичните места на Формула 1 календарот, за многумина уникатно. Италијанците ја викаат Магична писта, опис со кој малкумина не би се согласиле.