КИНА
14
ВЕСТИ
шангај
Меѓународниот Автодром во Шангај беше дизајниран како тркачка патека за новиот милениум. Модерната патека со неверојатната архитектура ја постигна својата цел станувајќи Кинескиот влез во Формула 1 од своето деби на календарот во 2004 година.
Архитектите Херман Тилке и Петер Вал за својата креација: Патеката долга 5,4 км има облик на кинескиот знак ‘shang’ што значи високо или одозгора. Други симболи претставени во архитектурата, а потекнуваат од Кинеската историја се објектите на екипите кои се наредени како павилиони во езеро што е слично со античките Yuyan-Garden во Шангај.
Овдека, природата и технологијата се внимателно користени за да направат хармонија помеѓу елементите. Патеката не е само неверојатна поради менувањето на забрзувањето и забавувањето со свиоци под различен агол, таа е многу тешка за возачите и за болидите, но исто така тука се и брзите правци. Ова нуди многу можности за претекнување и овозможува напнати и интересни моторспорт настани на гледачите.
Главната трибина со 29.000 седишта дава видик на речиси 80% од патеката.