МЕКСИКО

27

октомври

ПОБЕДНИК ВО 2019

ЛУИС ХАМИЛТОН

ПРВО ГРАНД ПРИ

1963

ДОЛЖИНА НА КРУГ

4,3 км

кругови

71

рекорд

1:18.741
ВАЛТЕРИ БОТАС

квалификации

20:00

трка

20:10

ВЕСТИ

[td_block_14 tdc_css=”eyJhbGwiOnsiZGlzcGxheSI6IiJ9LCJwaG9uZSI6eyJtYXJnaW4tcmlnaHQiOiIwIiwibWFyZ2luLWxlZnQiOiIwIiwiZGlzcGxheSI6IiJ9LCJwaG9uZV9tYXhfd2lkdGgiOjc2N30=” mx7_el=”0″ limit=”3″ mx1f_title_font_family=”477″ mx1f_cat_font_family=”477″ mx1f_meta_font_family=”477″ mx1f_title_font_transform=”uppercase” mx1f_cat_font_transform=”uppercase” mx1f_meta_font_transform=”uppercase” mx1f_meta_font_size=”12px” mx1f_meta_font_line_height=”16px” mx1f_title_font_weight=”400″ mx1f_title_font_size=”16px” mx1f_title_font_line_height=”20px” tag_slug=”мексико” installed_post_types=”post” td_ajax_filter_type=””]

мексико сити

Како што и самото име на авторомот Ерманос Родригез кажува, историјата на патеката е врзана со браќата Рикардо и Педро Родригез. Првиот со своите 19 години возеше за Ферари и беше иницијална каписла во одлуката да се изгради 5 километарска патека во јавниот парк Магдалена Мичука во источниот дел на Мексико Сити. Успехот на вториот кон крајот на таа деценија предизвика огромна поддршка за трки во Мексико.

Но, приказната за браќата Родригез е трагична. Во 1962 година не се ни зборуваше за организација на Формула 1 трка во Мексико, но се одржа настан надвор од шампионатот на крајот на Октомври. Ферари не учествуваше, затоа Рикардо Родригез настапи со Лотус 24, имаше несреќа на квалификациите и го загуби животот.

Навивачите во Мексико беа очајни, но наскоро добија нов херој во братот на Рикардо, Педро. Веќе етаблиран на интернационалните трки со автомобили, Педро својот втор старт во Формула 1 го имаше на првото Мексиканско ГП одржано во 1963 година. Беше во првите 10 пред да му откаже суспензијата што го натера да се откаже од трката. Победи Џим Кларк кој водеше во сите кругови и на крајот имаше предност од речиси 2 минути.

Следната година беше далеку повозбудливо затоа што Мексико беше префрлено за крајот на сезоната, последна трка во шампионат во кој 3ца возачи се бореа за титула, а победник беше Џон Суртес. Британецот е прв и единствен англичанец до денеска кој станал светски првак на 2 и 4 тркала.

Мексико традиционално го зазема местото на последна трка во календарот во доцните 1960ти. Педро дојде до својата прва Формула 1 победа во 1967 година, но успехот на домашната трка изостануваше. Џеки Икс победи на последната трка во 1970тите години по која следуваше пауза повеќе од една декада. Две години подоцна, во трка со спортски автомобили во Германија, Педро го загуби животот.

Во 1986 година Мексико повторно се врати на календарот. Хозе и Џулиан Абед повторно ја асфалтираа патеката, која претрпе и мали модификации, нов прв свиок и покус свиок во вид на шнола. Предизвикот беше огромен, а не само поради долгата и ултра брза Пералтада. Големата надморска височина продолжуваше да ги оптеретува моторите додека нерамнините беа тешки за совладување, што стануваше се поголем проблем следните години.

Герхард Бергер ги изнеади сите во 1986 година со својата прва победа, воедно и прва за Бенетон. Следната година триумфираше Најџел Мансел иако трката беше прекината поради тоа што нерамнините доведоа до голем судар за Даниел Варвик. Следната година имаше уште поголем инцидент за Филип Алиот на еден од тренинзите, иако за среќа заврши неповреден. Прост победи, а победи и во 1990 година, по единствената победа на Аиртон Сена. Во 1991 година бразилецот беше жртва на нерамнините превртувајќи се откако едноставно ја загуби задницата на својот Мекларен на фамозната Пералтада во квалификациите. Рикардо Патрезе на Вилијамс победи, а следната година повторно Вилијамс, но со Најџел Мансел во кокпитот.

Тоа беше последна Формула 1 трка на патеката на која продолжија да се одржуваат други трки следните години, се до враќањето на патеката на каледнарот во 2015 година, откако на Автодромот пристигнаа многу јавни и приватни финансиски средства.

Патеката беше целосно подобрена, целосно нов асфалт поставен, Пералтада ја снема, но изникна прекрасен комплекс во вид на стадион.