РУСИЈА
29
ВЕСТИ
сочи
Патеката во Сочи е лоцирана во истоимениот руски туристички град на Црното Море. Тоа е прва наменска Формула 1 патека во Русија и беше домаќин на првото Руско ГП во Октомври 2014 година, истата година кога градот беше домаќин и на Зимските Олимписки Игри.
Врската на Сочи со Формула 1 формално започна во Октомври 2010 година кога беше постигнат договор со промотерите на трката OJSC Center Omega, поддржани од Руската Влада и во присуство на Владимир Путин. Изградбата на 5.848 км долгата патека со капацитет за 55,000 гледачи беше под палката на реномираниот архитект Херман Тилке. Патеката е интегрирана во инфраструктурата на Олимпискиот Парк, во близина на железничката станица и патиштата кои ги поврзуваат објектите домаќини на Олимпијадата и Аеродромот.
Ширината на патеката варира од 13 метри до 15 метри на стартно целната рамнина. Кругот, кој е во насока на стрелките на часовникот, се состои од 12 десни и 6 леви свиоци и претставува комбинација на висока брзина и технички сектори. При првата посета на патеката, болидите постигнаа 332 км/ч на 650 метарскиот правец помеѓу првите две кривини, а Луис Хамилтон извозе круг за пол позиција со просечни 213 км/ч.
Неверојатно е да се дојде на ова прекрасно место и да се тркате на оваа патека - изјави Хамилтон. Има одличен грип и одлични свиоци, со многу средна брзина. Одлична забава. Тилке додаде: Одличен комплекст со прекрасна атмосфера. Оптимист сум за иднината на уникатниот автодром во Сочи.