ЈАПОНИЈА
13
ВЕСТИ
сузука
Една од најдобрите патеки на календарот, Сузука е масивен тест на можностите на болидите и возачите. Изградена од Хонда во 1962 година, патеката била дизајнирана од холанѓанецот Џон Хугехнхолз. На патеката бил изграден и огреомен тематски парк кои го вклучувал познатото големо тркало кое доминира на Автодромот.
Во 1987 година, откако била домаќин на многу трки со автомобили и Формула 2 трка, патеката го загубила приматот од Фуџи за организација на Јапонското ГП. Но, влијанието на Хонда во подоцнежниот период ја вратило Формула 1 во Сузука. Ако не се земе во предвид 2007 и 2008 година, Формула 1 се вози на оваа патека од 1987 година и била домаќин на некои од најтесните трки меѓу кои и познатиот судир на Алан Прост и Аиртон Сена.
Таквите моменти само придодале Сузук да стане попривлечна за фановите, а трките овдека се одржуваат пред една од најкомпетентните публики на календарот.
Патеката исто време стана и омилена кај возачите со некои од најпредизвикувачките свиоци. Помеѓу најпопуларните се брзиот 130Р и познатата Вилушка. Како капак на се, изгледот во вод на бројот 8 ја прави патеката единствена.