КИМИ РАИКОНЕН
7
ВЕСТИ
БИОГРАФИЈА
Кими Раиконен е роден на 17 Октомври 1979 година во Еспоо, Финска и е познат под прекарот “Ледениот човек“. На картинзи е од својата 10та година, а на 15 години веќе имал и меѓународни настапи. Пред да влезе во Формула 1 возеше Формула Форд и различни Формула Рено 2000 класи.
Во најбрзиот циркус е од 2001 година, но во 2009, 2010 и 2011 година “кулираше“ со Светскиот Рели Шампионат, а 2011 година се тркаше и во Наскар, пред да се врати во Формула 1. Започна во Заубер пред да мине 5 години во Меркларен, а во 2007 година направи трансфер во лутиот ривал Ферари, каде ги мина следните 3 години и стана Светски шампион.
Камбекот во спортот му беше преку Лотус во 2012 и 2013 година, пред повторно да се врати во Скудерија Ферари кадешто сеуште вози. На своите 294 настапи има 103 подиуми, 45 најбрзи кругови, 21 победи, 17 пол позиции и 1 титула.
Од 2019 година, Кими се враќа во тимот на Заубер, сега Алфа Ромео Рејсинг, каде што го имаше своето деби во Формула 1.