ВЕСТИ
БИОГРАФИЈА
Придвижуван од брилијантноста и страста на Сер Френк Вилијамс, Вилијамс порасна од скромни почетоци во Формула 1 екипа за репер, непредизвикана од сите, со исклучок на Ферари и Мекларен. Во последните четири декади, тимот стигна до многубројни победи и титули, а во процесот го негуваше некои од најголемите таленти во спортот, во кокпитот и надвор од истиот.
2017
Враќањето на Пади Лоув како технички шеф беше касно за да има влијание над развојот на ФВ40, болид кој освои само 83 поени во возачките раце на Фелипе Маса и дебитантот Ленс Строл. Изненадувачкиот подиум за Строл во Азербејџан е нивниот единствен топ 5 финиш во 2017 година.
2016
Падот во поредокот за Вилијамс продолжи и понатаму, неуспевајќи да го постигнат нивото на развој како конкурентите, тимот падна на петто место во пласманот позади Форс Индија. Валтери Ботас го освои единствениот подиум во Канада, додека Фелипе Маса емотивно си замина, за на крајот на сезоната повторно да се врати како колега на дебитантот Ленс Строл.
2015
Вилијамс ја зацврстија својата позиција како трета најдобра екипа во Формула 1, но нивниот напредок заостана позади Сребрените Стрели и беше надминат од Ферари. Ботас и Маса стигнаа до два подиуми засебно, а ФВ37 изгледаше импресивно на брзите патеки.