77
ВЕСТИ
БИОГРАФИЈА
Валтери Ботас е роден на 28 Август 1989 година во Настола, Финска. Во 2005 година беше 5ти во Светскиот куп во картинг, а продолжи во Формула Рено, Формула 3 и ГП3 каде беше првак во 2011 година, кога ја одработуваше втората година од вкупно 3те години кои ги мина како тест пилот на Вилијамс.
Во Формула 1 влета во 2013 година, а веќе во својата 2ра година во спортот го забележа најдобриот пласман на крајот на годината, 4то место. На 98те досегашни трки има 3 победи, 22 подиуми и 4 најбрзи кругови.
Во 2016 година доби едногодишно продолжување на договорот со Вилијамс, но тоа е веќе минато за Валтери, бидејќи и официјално за 2017 година, стана возач на Мерцедес АМГ Петронас, кадешто го превзеде местото на Нико Розберг, покрај Луис Хамилтон.