ВЕСТИ
БИОГРАФИЈА
Ред Бул веќе подолг период беше спонзор во Формула 1 тркањето, пред формално да влезат во спортот како фабричка екипа преку превземањето на Јагуар во 2004 година. Значителниот успех кој следеше во наредната декада е неверојатен. Првиот подиум го обезбедија во 2006 година благодарејќи на Дејвид Култхард, но во 2009 тимот навистина го почна својот подем, со шест победи и пласман на втората позиција помеѓу конструкторите. Во наредните четири сезони тие беа репер за победа, освојувајќи двојни круни помеѓу 2010 и 2013 година, а Себастијан Ветел стана најмладиот четирикратен шампион во Формула 1.
2017
Неможејќи да ја постигнат формата на шампионите Мерцедес и повратникот Ферари, тие паднаа на трето место во пласманот, а слабата издржливост на Рено не помогна во ситуацијата. Сепак, Даниел Рикардо и Макс Верстапен го докажаа својот квалитет преку три победи помеѓу двајцата.
2016
Комбинацијата од супериорниот РБ12 и значително подобрениот агрегат на Рено му овозможи на тимот да стане единствен конкурент на Мерцедес за победи. По една победа за Рикардо и Верстапен, кој пак ги остави критичарите без зборови со победа во своето деби за тимот во Барселона.
2015
Супериорниот финиш од 2014 година набргу беше заборавен, бидејќи Ред Бул се најдоа во ситуација да се справуваат со драстични проблеми со агрегатот на Рено. Даниел Рикардо и тогашниот колега, Даниил Квјат, успеаа да стигнат до само три подиуми, а екипата заврши на четврто место во пласманот, нивен најлош резултат од 2008 година.