НИКО ХУЛКЕНБЕРГ
27
ВЕСТИ
БИОГРАФИЈА
Николас Нико Хулкенберт е роден на 19 Август 1987 година во Емерих ам Рајн, Западна Германија. Во 1997 година дебитираше во картинг, а 5 години подоцна стана германски јуниорски првак.
Преодот кон болидите го направи во 2005 година со Формула БМВ, а следуваа Формула 3 и А1 серијата. Во 2009 година стана ГП2 првак и ја извршуваше улогата на тест возач на Вилијамс. Френк Вилијамс му даде шанса во 2010 година и од него доби само една пол позиција.
2011 година ја мина како “тестер“ во Форс Индија, а во 2012 година се врати како нивни редовен возач. Во 2013 година имаше кус трансфер во Заубер, за да потоа се врати повторно во Форс Индија и оваа година ја вози 3та сезона за нив. Во 2015 година победи за Порше на престижниот 24 часа Ле Ман.
Во своите 158 стартови има само 1 пол позиција и 2 најбрзи кругови.