ВЕСТИ
БИОГРАФИЈА
Формирана од остатоците од тимот на Минарди, Торо Росо започна во спортот во 2006 година како екипа во која ќе се докажуваат младите таленти на Ред Бул. Себастијан Ветел го истакна тимот на ново ниво, испорачувајќи ја нивната единствена победа, пред да се приклучи во екипата на Ред Бул Рејсинг. Денес суштината на екипата е непроменета во однос на нови таленти, но тие повеќе не се само Б-екипа на Ред Бул, туку самостоен контруктор.
2017
Уште една сезона, уште еден пласман на седмото место во поредокот, иако преминаа на агрегат на Рено. Сезоната ја започнаа со еден возачки тандем, составен од Карлос Саинз, кој потоа премина во Рено како дел од договорот со Хонда за 2018 година и Даниил Квјат, кој беше отпуштен по екстремно променливата форма, за на крајот сезоната да ја завршат со Брендон Хартли и Пјер Гасли.
2016
Останаа регуларни конкуренти, иако користеа агрегат на Ферари со спецификација од 2015 година. Кампањата накратко им беше прекината, откако Макс Верстапен беше превзеден од Ред Бул како замена за Даниил Квјат, но успеаја да завршат на седмото место во пласманот, со четири пласмани на шестото место.
2015
Иако ги имаа најмладите возачи во Ф1 историјата, јуниорскиот тим на Ред Бул импресионираше преку Верстапен и Саинз. Сепак, проблеми со издржливоста на агрегатот на Реноги оневозможи да се искачат погоре од седмото место во поредокот.