ВЕСТИ
БИОГРАФИЈА
За многумина, Ферари и Формула 1 тркањето се неодвоиви. Единствената екипа која се натпреварува во секоја сезона одкога започна првенството. Од скромниот сон на Енцо Ферари, Црното Коњче порасна во една од најлегендарните икони и препознатливи брендови во светот. Успехот дојде накратко со Алберто Аскари и Џон Суртис, продолжи со Ники Лауда, а потоа и со Михаел Шумахер. Ферари во последниот период стигна до 5 последователни шампионски титули, обезбедувајќи го статусот на најуспешен и најнаграден тим во историјата на Формула 1.
2017
Иновативен болид го врати духот во тимот и на исто рамниште со светските шампиони, Мерцедес, барем во првата половина од сезоната. Но технички проблеми во вториот дел од сезоната ги уништија нивните шанси за борба за титула, за на крајот сезоната да ја завршат со вкупно 5 победи во однос на 12 од страна на Мерцедес.
2016
Ветувањата од претходната сезона набргу испарија, а тимот се најде во позиција да не може да се бори со Мерцедес или Ред Бул. Ветел и Раиконен завршија на подиумот во седум наврати, односно 4 за финецот. Лошата стратегија ги спречи да стигнат до победа во ретки моменти кога тоа беше возможно.
2015
Фернандо Алонсо го отстапи своето место на Себастијан Ветел, а новоструктурираниот тим стана единствениот ривал на владеечките шампиони, Мерцедес. Благодарејќи на Ветел, тие ја постигнаа својата цел од 3 победи, додека Кими Раиконен наиде на проблеми при одржување на темпото на својот тимски колега.