20
ВЕСТИ
БИОГРАФИЈА
Кевин Јан Магнусен е роден на 5 Октомври 1992 година во Роскиде, Данска како син на 4кратниот Ле Ман победник, Јан Магнусен. По картингот продолжи со Формула Форд, Формула Рено и разните Формула 3 серии.
Титулата во Формула Рено 3,5 во 2013 година му беше препорака за Формула 1. 2014 година се тркаше за Мекларен и имаше подиум на својата прва трка, а минатата година ја мина како резервен возач во тимот, иако доби шанса да го менува Фернандо Алонсо на една трка.
Зад своето име има 82 Формула 1 трки и само 1 подиум постигнат со Мекларен на првата трка од 2014 година.