КАНАДА
9
ВЕСТИ
МОНТРЕАЛ
Во 1960те години ривалитетот помеѓу францускиот и англискиот дел на Канада значеше дека ГП трката има два дома: Моспорт Парк една година и Монт Тремблант следната. До 1970 година, Монт Тремблант се сметаше за премногу ризичен, така што трката целосно се вдоми во Моспорт Парк.
Во 1977 година француските канаѓани мотивирани од неверојатниот успех на Жил Вилнев решија дека е време да изградат патека. Изградбата на нова патека не беше исплативо, такашто времето и парите беа против нив.
Нивното решение беше едноставно и ефикасно. На островот Нотр Дам (Ile Notre-Dame) ги поврзаа сите патишта и добија патека за тркање. Островот бил домаќин на Светскиот Саем Експо во 1967 година и имал многу футуристички згради. Сите се согласиле дека тоа било совршено место за ГП.
Откако биле потрошени 2 милиони долари за унапредување на патеката за да се задоволат Формула 1 стандардите, првата трка таму била одржана во Октомври 1978 година. Жил Вилнев тогаш ја возеше својата прва сезона со Ферари и чекаше на својата прва победа во Формула 1, а деби победа на домашната трка беше повеќе од совршено. По неговата трагична смрт 4 години подоцна, патеката постхумно го доби неговото име.
Неговиот син Жак никогаш не успеа да победи на таа патека, но некои од великаните на спортот го имаа направено тоа. Михаел Шумахер го држи рекордот со 7 победи во Канада. Исто така, се памети единствената победа на Жан Алези во кариерата остварена во 1995 година со Ферарито број 27, бројот кој остана во срцата на канаѓаните поради тоа што истиот го носеше нивниот Жил Вилнев.