МОНАКО
26
ВЕСТИ
МОНТЕ КАРЛО
Големата Награда на Монако е една од трките на која секој возач сонува да победи. Како и Инди 500 или Ле Ман трката е легендарна и се издвојува над спортот кој ја створи. Комбинација од прецизно возење, техничка супериорност и доза на храброст е потребно за победа во Монте Карло. Тука се разликуваат добрите од одличните возачи.
Патеката е буквално исцртана со Армко бариери кои не оставаат никакво место за грешка, бараат повеќе концентрација од било која друга Формула 1 патека. Болидите имаат најголема потисна сила, а кочниците се секогаш оптеретени. Претекнувањето е речиси невозможно. Затоа квалификациите во Монако се поважни од било каде.
Свиокот Портие е клучот да брз круг во Монако. Пред него е Лоев “шнолата“, најбавниот свиок на календарот, а по него следува тунелот, еден од ретките делови каде се вози под полн гас. Некои големи имиња како Сена и Шумахер имаа завршено трки токму таму, на Портие.
Победа на Монако ве сместува во друштво на великаните и најголемите на сите времиња во спортот. Граам Хил познат како господин Монако и Шумахер имаат по 5 победи тука, Прост се радуваше 4 пати, а Стерлинг Мос и Џеки Стјуард по 3 пати. Но рекордер по бројот на победи во кнежевството е Сена кој победи 6 пати во Монте Карло.
Патеката е станица на календарот од 1955 година и одтогаш е многу малку променета. Мали модификации беа направени во 2003 година кога влезот во Рашкаш свиокот стана по “нежен“, а следната година имаше и нов комплекс гаражи и зголемување на капацитетот крај патеката.