Верстапен добил голема подршка од Фетел на Силверстон лани

Макс Верстапен изјави дека Себастијан Фетел имал тајна средба со него по излетувањето во Британија минатата година. 

По контактот со Хамилтон, Верстапен излета и удри во бариерата со сила од 50 Г.  Откако беше прегледан во болницата, тој беше вратен во својот моторхоум каде го пречекал Себастијан Фетел. 

МИслам дека како личност тој доста се грижи иако имавме неколку тешки борби на патека со него на почетокот на мојата кариера. јас ќе го запаметам моментот кога ме пречека по враќањето од болница и Ме праша дали сум добар. Тоа покажува каков човек е тој. Тој е одличен и грижлив и секогаш мисли добро, Така ќе го запаметам – посочи двократниот првак.

Верстапен и Фетел се единствените шампиони во историјата на Ред Бул .

Тој многу значи на Ред Бул. Уште како јуниор има постигнато многу за спортот и сеуште има пријатели во ред Бул. Неговата кариера е тоа што многумина го сонуваат. Се сменивме со кацигите и сега имам убава кацига во колекцијата. Му посакувам се најдобро, Тој е вистински семеен човек. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ