Сингапур, Квалификации: Саинз најбрз, двојна елиминација за Ред Бул

Карлос Саинз стигна до пол позиција пред Џорџ Расел на патеката Марина Беј во Сингапур со време од 1:30.984.

Возачот на Ферари, Карлос Саинз, ја освои пол позицијата за Големата Награда на Сингапур пред Џорџ Расел, по драматична елиминација на двата Ред Була во вториот сегмент од квалификациите.

Саинз постигна време од 1:30.984, што беше за 0.072 секунди побрзо од Расел на новиот сет на меки гуми, а Шарл Леклер, кој направи мала грешка во последниот обид и Ландо Норис го комплетираа вториот ред.

Луис Хамилтон ќе стартува од петто место, следен од одличниот Кевин Манусен на шеста позиција. Фернандо Алонсо и Естебан Окон следуваат зад нив, додека другиот Хаас на Хулкенберг и Лиам Лосон го комплетираа топ 10.

Макс Верстапен ќе стартува надвор од првите десет откако беше елиминиран во К2 за прв пат оваа сезона од Лиам Лосон, во она што беше само трета квалификациска сесија за возачот на АлфаТаури.

Холанѓанецот, исто така, се соочува со две истраги од стјуардите за попречување, една во боксовите и уште една поради тоа што му пречеше на Јуки Цунода вонеговиот летечки круг.

Верстапен беше елиминиран од Лосон во последните моменти на К2, откако возачот на Ред Бул не успеа да состави брз круг.

Нему му се придружи тимскиот колега Серхио Перез, кој беше елиминиран по седми пат оваа сезона на средината на квалификациите. Мексиканецот беше во својот летечки круг во последните моменти кога се изврте во вториот свиок.

Ова е првпат по трката за ГН на Русија во 2018 година, ниту еден од возачите да не се најде меѓу првите десет за Ред Бул.

Ним им се придружија Цунода, Алекс Албон и Пјер Гасли кои не успеаја да напредуваат понатаму во сесијата.

Крајот на К1 беше одбележан со огромен судар за Ленс Строл, кога возачот на Астон Мартин го комплетираше својот круг и ја загуби контролата излегувајќи од последниот свиок.

Строл искуси подуправување низ последниот свиок и помина преку работ на тротоарот, губејќи контрола над болидот по што се изврти во бариерата со голема брзина.

Несреќата го откорна левото тркало и го оштети поголемиот дел од левата страна на неговиот АМР23, а исто така спречи многу возачи да се подобрат кога излегоа црвените знамиња.

Оскар Пиастри беше еден од оние што беа директно зад него и мораа да го прекинат својот обид, поради што тој отпадна во К1 заедно со Валтери Ботас, Жу Гуанју и Логан Сарџент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ