Катар Т1: Верстапен најбрз во тешки услови на патеката

Холанѓанецот го постави темпото додека возачите се мачеа во условите со низок грип на новата површина на патеката Лусаил во Катар.

Макс Верстапен го постави најбрзиот круг на единствениот тренинг за Големата Награда на Катар со време од 1:27.428, пред Карлос Саинз и Шарл Леклер, во тоа што ќе биде уште еден Спринт викенд. Леклер заостана 0.334 секунди на втората позиција, додека Саинз скоро половина секунда од времето на Верстапен.

Холанѓанецот го постави својот најбрз круг доцна во сесијата кога Ред Бул избраа да ги префрлат двата болида на софт гуми.

Грешката на Перез во првиот сектор го остави повеќе од половина секунда зад својот тимски колега на петтото место, додека Фернандо Алонсо се пласираше пред него на медиум гуми.

Јуки Тсунода од АлфаТаури беше шестопласиран, следен од Нико Хулкенберг за Хаас. Џорџ Расел, Оскар Пиастри и Ландо Норис го комплетираа топ 10.

Новата површина на патеката Лусаил заедно со ветерот кој носеше песок на асфалтот се покажа како незгодна комбинација за возачите.

Почетните времиња на кругови на хард компонентата беа над 10 секунди побавни од кругот за пол позиција во 2021 година, при што некои возачи забележаа преку тимското радио дека е многу лизгаво.

Се очекува ситуацијата да продолжи во текот на викендот, при што времето на квалификациските кругови ќе биде клучно поради високата еволуција на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ