Катар, Квалификации: 30та пол позиција за Макс Верстапен

Макс Верстапен стигна до 10та пол позиција за оваа сезона, негова 30та во кариерата за Големата Награда на Катар, со најбрз круг од 1:23.778.

Ландо Норис за кратко беше второпласиран, но поради надминување на границите, од втората позиција ќе стартува Џорџ Расел, додека трет во неделната трка ќе стартува Оскар Пиастри.

Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо го комплетираа топ 5, додека единственото Ферари во топ 10 на Шарл Леклер ќе стартува од шестата позиција. Пјер Гасли и Естебан Окон ќе стартуваат како седми и осми за Алпин, а Валтери Ботас и Ландо Норис ќе се постават на последните места од најбрзите десет возачи.

Во првиот квалификациски сегмент елиминирани беа Логан Сарџент, Ленс Строл, Лиам Лосон, Кевин Магнусен и Жу Гуанју, додека новиот асфалт на патеката Лусаил постојано еволуираше што ги принуди возачите да извозат повеќе летечки кругови од вообичаено. Строл мораше својата фрустрација да ја прикаже на некој начин, па се одлучи да го избутка својот тренер во гаражата.

Во вториот сегмент Јуки Тсунода, Карлос Саинз, Серхио Перез, Алекс Албон и Нико Хулкенберг беа елиминирани и ќе стартуваат од 11то до 15то место. Перез беше пласиран во топ 10, но неговиот најбрз круг беше избришан поради надминување на границата на патеката во свиокот 5. Саинз и Верстапен во меѓувреме се под истрага од стјуардите поради попречување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ