Италија: Историска 10та последователна победа за Верстапен

Макс Верстапен и Ред Бул излегоа на врвот во битката против Ферари за да обезбедат победа на неделната трка за Големата Награда на Италија и да стигнат до уште еден историски успех во Ф1.

Холанѓанецот го надмина Себастијан Фетел со 10 победи по ред, а тимот ја продолжува својата победничка серија до 15 трки.

Верстапен застана зад првопласираниот Карлос Саинз на стартот, но го прогонуваше својот ривал додека траеше воведниот стинт, на крајот принудувајќи го возачот на Ферари на грешка при првата шикана во 15от круг, а потоа помина низ надворешната страна од Курва Гранде.

Оттука, актуелниот двоен светски шампион никогаш не погледна назад, извлекувајќи удобна предност напред за неговиот нов рекорд во Ф1 додека Саинз, тимскиот колега Серхио Перез и другото Ферари на Шарл Леклер се бореа за преостанатите позиции на подиумот.

По финале преполно со акција и жестока одбрана од Саинз, Перез беше тој што се искачи до второто место зад Верстапен, давајќи му ја на Ред Бул нивната шеста еден-два завршница сезонава.

Саинз и Леклер се тркаа тркало до тркало за третото место на подиумот, притоа нудејќи голема возбуда за навивачите, но и моменти на потенцијална катастрофа за Скудерија на домашната трка пред своите тифози.

Зад драмата на челните позиции, Мерцедес забележа солиден финиш со двојни поени, откако Џорџ Расел и Луис Хамилтон завршија на петтото и шестото место, соодветно, и покрај тоа што и двајцата возачи добија казни по пет секунди.

Расел доби казна за напуштање на патеката и стекнување предност при првата шикана во борбата со Естебан Окон, додека Хамилтон, кој користеше поинаква стратегија за пневматиците, ја доби својата за судир со Оскар Пиастри од Мекларен во втората шикана.

Алекс Албон освои уште неколку поени на Вилијамс на седмото место, бранејќи се од другиот Мекларен на Ландо Норис во трката до целта, додека Астон Мартин на Фернандо Алонсо и Алфа Ромео на Валтери Ботас ги комплетираа првите 10.

Лиам Лосон заврши на работ на поени во својот втор настап на местото на Даниел Рикардо во АлфаТаури, а Пиастри беше 12ти по инцидентот со Хамилтон и казната од пет секунди за напуштање на патеката и стекнување предност.

Дебитантот на Вилијамс, Логан Сарџент, остана да се жали за својата казна од пет секунди за предизвикување на судир со Ботас и стигна до 13то место, а потоа следеше другата Алфа на Жу Гуанју и Пјер Гасли.

Беше мирно попладне за Ленс Строл од Астон Мартин по неговиот старт на гридот, Канаѓанецот го освои 16то место пред Хаас на Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен, кои имаа уште еден тежок ден на трката.

Двајца возачи не успеаја да стигнат до финишот, со тоа што Окон се повлече доцна со вториот Алпин, а Јуки Цунода пријави дефект на моторот во формацискиот круг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ