Верстапен: Заостатокот на Мерцедес е многу чуден

Макс Верстапен откри дека се мачи да разбере зошто Мерцедес не успеале да се приближат до борбата за пол позиција на вчерашните квалификации за Гранд При трката во Абу Даби.

Откако победија на спринтот и на главната трка во Бразил, “сребрените стрели“ беа големи оптимисти за претстојниот тркачки викенд, а победта пред седум денови беше прва за нив годинава.

За време на петочните тренинг сесии, нивниот ритам беше силен и завршија високо во поредокот, но на квалификации беа цели 7 десетинки зад времео кое го возеше Макс Верстапен, ново стариот шампион.

можеби карактеристиките на патекта се такви, но искрено ние сме зачудени од каде толкав заостаток по толку силна трка во бразил. поради нивните перформанси, не знаеме дали ние сме само просечни или сме многу добри.

изненадени сме, можеби фокусот го ставиле на долгите серии на трка и жртвувале квалификациски перформанси, нема да дознаеме – објасни верстапен.

Крајно незадоволен по крајот на квалификациите беше и шефот на Мерцедес, Тото Волф, кој посочи дека сака што поскоро да ја заборави саботната сесија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ