Волф: Имавме отворени и искрени дискусии за нашиот камбек

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, рече дека тимот одржал отворени и искрени дискусии за тоа каде се наоѓаат моментално и потврди дека ќе донесат мали подобрувања со себе во Саудиска Арабија викендов.

Мерцедес го признаа своето разочарување откако го освоија 5то и 7то место на отворањето на сезоната за Големата Награда на Бахреин, но најзагрижувачкиот елемент од нивна перспектива беше дефицитот на темпото што го имаше поранешниот светски шампион во однос на доминантните Ред Бул на чело на гридот.

Многу се дебатираше за перформансите на тимот откако тие полагаа големи надежи дека ќе се вратат во вистинската форма во предсезоната, при што Луис Хамилтон последователно тврдеше дека тој не бил послушан од тимот во однос на насоката за развој на W14, откако се мачеше во споредба со своите ривали.

Мерцедес се чини дека се во тесна борба меѓу себе, Ферари и Астон Мартин за да бидат најдобрите од останатите зад Ред Бул во раните фази од годината, но Џеда има многу различни предизвици во споредба со Бахреин и тимскиот шеф на Мерцедес потврди дека ќе има мали промени во болидот, но и дека имало разговори што се одржале зад сцената за да се испита каде треба да се подобрат.

Нашиот настап во Бахреин не беше онаму каде што сакаме да биде – призна Волф.

Но, ова е позицијата во која се наоѓаме и веќе се работи со полна пареа на болидот, го разбираме и работиме за да го подобриме. Тоа е возбудлив предизвик за сите нас.

Од Бахреин, имаме отворени и искрени дискусии од кои почнавме да го планираме нашиот возвратен удар. На краток рок, се ќе пробаме во потрагата по перформанси. Долгорочно, ќе се фокусираме на нашиот развој за да одредиме како ќе стигнеме на челните позиции. Веќе ја почувствував енергијата и решителноста во фабриката и знам дека ќе продолжи да се движи напред.

Сè може да се случи во трките, така што ќе работиме во Џеда за да го максимизираме секој дел од нашите перформанси, бркајќи го секој поен, секоја позиција и секоја милисекунда.

Тоа е една од огромните предности на нашата возачка постава со Луис и Џорџ. Ние сме тркачи и даваме се што имаме, секогаш кога одиме на патеката.

Овој викенд во Саудиска Арабија ќе дознаеме повеќе за W14, неговите карактеристики и неговите ограничувања. Таа обезбедува многу поинаков тест за Бахреин и ќе биде интересно да се види како ќе реагира болидот.

Ние носиме некои мали подобрувања во болидот: тие нема да ја сменат ситуацијата, но можат да почнат да не движат во вистинската насока. ќе притискаме колку што можеме за да создадеме можности и се надеваме дека ќе ни даде подобра слика за себе отколку во Бахреин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ