Волф: Нека не викаат како сакаат, само да сме брзи

Тото Волф отворено зборуваше за чекорите кои ги прават за да го надградат својот В14 болид, а смета дека доколку Ред Бул се загрижени дека финанлниот продукт ќе личи на нивниот, нека си стават налепница.

Мерцедес ги разгледуваат можностите дали да бидат најдобри од останатите позади Ред Бул, но шефот на тимот објасни дека тимовите работат напорно да ги подобрат работите.

Прашањето е со кој се споредуваме. Доколку ги видиме Ред БУл, тие се брзи и мислам дека разбираме што тоа значи. Јас сум оптимист за иднината, само треба да се разгледа од друг агол.

Ќе го менуваме болидот, работиме на подот и повеќето механички работи. Веќе се работи под полна пареа за да се освојат поени на трките – откри австриецот.

Кзната за Алонсо значеше подиум за Џорџ Расел, додека Луис Хамилтон оди од 7мо место во Бахреин на 5та позиција во Џеда. Но, Волф појасни дека работите се движат напред и не е заинтересиран да најде побрз начин како да го направи тоа.

Не знам, нека не наречат Ред Бул или Астон Мартин или автобус на крајот, но се додека сме брзи може и налепница Ред Бул да ни стават доколку е потребно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ