Волф открива клучна разлика што ќе им помогне во Џеда

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, посочи мали разли ка во барањата на патеката во Џеда Корниш за која се надева дека ќе му помогне на Мерцедес трката за Големата награда на Саудиска Арабија.

Мерцедес беа поразени во Бахреин, завршувајќи повеќе од 50 секунди зад победникот на трката Макс Верстапен, а потоа признаа дека го згрешиле концептот со W14. Се очекува пакет за надградба за Имола за кој тимот се надева дека може да го намали нивниот дефицит, но Волф истакна како малата разлика во барањата на уличната патека во Џеда може да помогне, која има различни карактеристики од патеката Шахир во Бахреин.

Површината на патеката на Бахреин е многу абразивна, бидејќи не е обновена уште од првото поставување на асфалтот кога патеката беше изградена пред инаугуративната трка во 2004 година. Како резултат на тоа, таа е многу тешка за пневматиците, а силните зони за сопирање и забрзување ја прават патека која влијае над задниот дел на болидот. Ова значи дека патеката малку повеќе влијае на задните гуми што доведува до зголемено абење и деградирање на истите.

Покрај Бахреин, други патеки кои имаат вакво влијание над гумите се Монтреал, Монако и Хунгароринг. Спротивно на тоа, патеката Џеда Корниш во Саудиска Арабија е мазна и брза патека, иако има две силни зони за сопирање и забрзување во првиот и последниот свиок.

Како резултат на брзите свиоци, таа е позната како патека која е влијае над предниот дел на болидот каде што предните гуми го издржуваат најголем дел од ударот. Историски гледано, Мерцедес ги фаворизираше овие патеки, а таквите како Спа, Сузука и Силверстон имаат тенденција да бидат класифицирани како такви.

И додека Волф не очекува чуда, тој се надева на подобар приказ во Саудиска Арабија.

Последен пат кога сонував за чуда беше многу одамна. Шахкѝир е многу фокусирана кон задниот дел, има многу абразивен асфалт и тоа е веројатно најслабата точка во нашиот болид.

Ако го погледнете од таа перспектива, можеби ќе биде подобро во Саудиска Арабија. Сигурно мислам дека кога станува збор за фронтално насочена патека, ќе имаме многу подобро темпо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ