Леклер: Без ДРС трките би биле многу досадни

Трките во Формула 1 би биле многу досадни доколку се отстрани ДРС системот, смета лидерот во светскиот шампионат, Шарл Леклер.

Фантастичната борба за победа на Големата награда на Саудиска Арабија помеѓу возачот од Монако и Макс Верстапен беше поттикната од ефективноста на ДРС системот. Покрај тоа што доведе до умствени игри помеѓу Леклер и Верстапен во зоната за детектирање на ДРС пред последниот свиок, додека секој се обидуваше да го измами другиот да биде напред, помошта од системот се покажа како клучна во повеќето престигнувања во трката.

Иако постоеше одредена надеж дека промената на правилата во 2022 година ќе овозможи добри трки без помош од ДРС, возачите сметаат дека тоа сè уште е апсолутно неопходно. Леклер, кој заврши на второто место зад Верстапен во Џеда, сметаше дека без него, нема да има многу акција во моментов.

Мислам дека ДРС треба да остане засега, инаку трките би биле многу досадни.

Иако следењето е подобро од минатата до оваа година и тоа е многу позитивен чекор, сепак мислам дека не е доволно за да се ослободиме од ДРС.

Јас навистина уживам во него. Тоа е дел од стратегијата за секој возач во однос на одбраната и претекнувањето, а засега е дел од трките.

Победникот на Саудиското Гранд При, Макс Верстапен, смета дека ДРС му го обезбедил единственото средство за да може да го помине Леклер за победа.

Да немав ДРС денес, никогаш немаше да поминам. Мислам дека сè уште сме премногу чувствителни за тоа И се разбира, некои патеки се полесни за поминување од другите. Но, за мене во моментов ако ДРС не беше таму, ќе бев втор на трката.

Иако преминувањето кон болидите со земјен ефект имаше за цел да ги подобри трките, возачите сè уште чувствуваат дека има елементи од пакетот правила што ги спречуваат кога станува збор за битки. Верстапен додаде:

Мислам дека болидите подобро се следат, зависи само од гумата. Како што со тврдиот пневматик е можно да се следи поблиску, така и другите соединенија и тоа зависи од патеката, но тие едноставно се распаѓаат.

Исто така, тежината на болидот ве турка преку работ на гумата. Значи, ова е нешто што треба да го следиме во иднина.

Сепак, Карлос Саинз смета дека можеби може да се погледне ефективноста на ДРС,  бидејќи помошта од него беше доста силна во Саудиска Арабија.

Без ДРС, речиси е невозможно да се престигне во денешно време. Она што го подобри е предвидливоста на болидот во следењето и ни дава многу попредвидлив баланс и способност да останеме поблиску низ свиоците.

Но, без тие три или четири десетинки што ви ги дава ДРС во секој дуел директно, би било невозможно да се помине, исто така затоа што седењето е пониско од минатата година.

Можеби ќе треба да размислиме да го направиме ефектот на ДРС малку понизок, само за да ги немаме делта состојбите што ги гледаме во денешно време, дека некои претекнувања се можеби малку премногу лесни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ