Леклер збунет од формата на Макс

Шарл Леклер е збунет и љубопитен во врска со формата на неговиот конкурент од Ред Бул, Макс Верстапен и сака да види колку тој може да се забрза во пресрет на квалификациите.

Моначанецот смета дека Ред Бул не покажале се на петочните тренинг сесии откако заостануваат зад Ферари на двата тренинга. Леклер беше најбрз на првата сесија, Саинз на втората, но половина секунда беше предноста на Скудерија во однос на лидерите во конструкторскиот поредок.

имавме добар петок, но имаме многу работа за во сабота. тешко е да се разбере затоа што ред бул работеа нешто различно од нас во петок, но сепак ние сме фокусирани само на себе.

чувството од болидот е добро, само треба да одработиме се како што треба за да го извадиме сиот ритам со кој располагаме – посочи леклер.

“Биковите“ немаа убедлив Петок, а летечките кругови на Макс беа уништени од проблеми со подуправување, додека Перез немаше добар круг и заврши 10ти.

макс изгледаше многу брзо со големо количество на гориво, не знам со колку гориво возеа, тоа е непознаница на нас, ќе видиме во сабота. верувам дека имаат силен ритам во болидот, но како и да е, ние сме фокусирани на себе и да одработиме се како што треба.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ