Леклер изненаден од брзината на Перез

Шарл Леклер призна дека бил многу изненаден како Серхио Перез толку многу му избегал на крајот од Сингапурското Гранд При откако му бил во ДРС зоната.

Возачот на Ферари подготвуваш напад за превемање на водството и победа против Перез во последните сегменти од трката на Марина Беј. Штом Контролата на трка дозволи користење на ДРС, моначанецот се залепи до Ред Бул и подготвуваше напад, но неговата надеж се сруши откако Чеко “нагази“ и направи солидна предност со оглед на фактот што се очекуваше и казна по трката.

Подобрениот ритам се покажа клучен за мексиканецот затоа што доби казна од 5 секунди по трката затоа што бил подалеку од 10 должини на болид зад безбедносното возило.

бев изненаден затоа што штом излегов од неговата дрс зона мислам дека гумите на чеко почнаа да работат како што треба и јас се повеќе се оддалечував. но, пред тоа се беше на границата затоа што со болид пред вас, нечист воздух од него, услови какви што имавме и најмала грешка чини скапо, а јас направив неколку.

се обидував да бидам колку што можам поблиску затоа што сакав да минам на правецот како единствена можност. не можев да го претекнам на кочење затоа што не знам колку простор имав од внатрешната страна и каков е тој дел од патеката, така што ризикот беше преголем.

имав еден круг кога бев навистина блиску зад него и помислив да пробам од внатре со доцно кочење, но не вредеше, така што останав да чекам друга вистинска можност кој за жал до крајот не ја добив – изјави шарл.

Моначанецот посочи дека перформансите на болидот на Скудерија споредено со оние на РБ18 во одредени делови на трката биле подобри.

имаше работи кои треба да ги анализираме од трката затоа што ред бул изгледаа одлични по 6-7 кругови, а ние бевме многу силни првите 6-7 кругови.

Сепак, шансата за победа на Леклер исчезна на стартот кога старутваше добро, но не доволно добро а да се одбрани од нападите на Серхио Перез од Ред Бул.

не знам сеуште што се случи, дали јас направив грешка или во прашање беше нешто друго, мораме да анализираме. единствено што почувтсвував е мало вртење на тркалаа во место и тогаш видов како чеко ме претекнува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ