Марко искрено: Повеќе се плашиме од Мерцедес одошто од Ферари

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, откри дека неговата екипа повеќе се плаши од Мерцедес одошто од Ферари во пресрет на новата тркачка сезона.

“Биковите“ имаа доминантна 2022 година, освоија две титули победувајќи дури 17 пати вот текот на годината и дојдоа до првиот наслов од 2013 година. МАкс и Чеко победија 10 пати на последните 11 трки, а единствено загубија од Мерцедес на Бразилското Гранд При, единствена победа за “сребрените“ лани.

Мерцедес се мачеа со силното потскокнувањето од почетокот на сезоната, но како што одминуваа трките така се повеќе го разбираа својот проблематичен В13 пакет и на крајот се вратија кон врвот на поредокот. Напредокот на “сребрените“ не беше доволен да го одземат 2то место кај конструкторите од Ферари, но доктор Марко гледа голема закана од нив за сезонава.

мислам дека повеќе треба да се плашиме од мерцедес главно затоа што имаат предност во однос на ферари кај стратегијата и издржливоста на болидот – посочи искусниот австриец.

Ферари имаа најсилен болид на почетокот на сезоната и Шарл Леклер победи два пати на првите три трки, но тоа беше се што направија и формата им опадна до крајот на годината. Проблеми со моторот, стратешки и возачки грешки ја уништија нивната шанса за титула. Италијанците направија многу промени зимава, вклучително и најголемата, го сменија шефот на тимот и го донесоа Фредерик Васур од Алфа Ромео.

Доктор Марко е сомничав дека ланскиот двоен наслов е почеток на доминација на “биковите“ слична на онаа која Мерцедес ја имаше од 2014 година до 2021 година.

нашата ситуација не е како онаа во која беа мерцедес на почетокот од хибридната ера. немаме толкава предност кај моторот и поради тоа се е различно. мерцедес во тоа време имаа околу 50 коњски сили предност пред било кој друг мотор на гридот.

не смее да заборавиме дека 2022 година беше прв под целосно новите правила. така, сите видоа што направивме со болидот и која насока ја одбравме и сигурен сум дека ќе бидеме поблиску годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ