Мерцедес знаат како да го менаџираат Хамилтон

Тото Волф смета дека луѓето во Мерцедес знаат како да го разберат и менаџираат Луис Хамилтон и неговите фрустрации кои ги кажува преку тимското радио, како на пример незадоволството од стратегијата на Турското Гранд При.

Откако беше најбрз на квалификациите, актуелниот првак мораше да тргне од 11то место поради промена на моторот, а беше 3ти на 10 кругови пред крајот на трката. Мерцедес побараа тој д промени гуми кога тоа го правеше остатокот од гридот, но тој одби и сакаше да остане, верувајќи дека ќе може да ја комплетира трката без проемна на гуми.

Подоцна, откако беше јасно дека и да издржи цела трка без да промени гуми, ритамот ќе му биде очаен и ќе биде претекнуван, тимот реши да го повика по нови гуми и тој од 3то место ‘падна“ на 5то по промената. Седумкратниот првак беше фрустриран и преку радиото бараше одговор зошто ги дале позициите и стоеше на своето размислување дека не требало да добие нови гуми.

тимот нема никаков проблем со начинот на кој хамилтон разговара, јасно е дека вози 320 кмч и не му е лесно да прави се што се бара од него. во ред е, ние сме навикнати едни на други затоа што веќе 8 години работиме заедно. знаеме како изгледа кога возач е разочаран од нешто, знаеме што значат фрустрации кога ќе се загуби трка – смирува волф.

Трката на Истанбул Парк беше втора по ред во која возачот се соменваше во тимската стратегија откако и во Русија ја игнорираше нивната наредба да влезе во бокс, но неколку кругови подоцна сфати дека повикот е исправен, а потоа се гордееше што ги послушал заоа што победи.

мислам дека треба да поработиме на комуникацијата и вербата едни на други со цел да стигнеме до она до кое целиме.

Ендру Шовлин, главниот инженер на патека во Мерцедес, откри дека тимот не ни очекувал возачот да не биде фрустриран по финишот на 5то место, но е убеден дека Хамилтон ја разбира тимската одлука.

луис ги разбра причините кои не наведоа на одлуката. мислам дека е фрустриран затоа што за момент во текот на трката помисли дека може д астигне до подиум, но тоа не се оствари. разочаран е поради тоа, но ако го анализираме начинот на кој работиме, беше разумно за борбата за титула д се престани со ризици и да се оди конзервативно. иако на моменти имаме тешки одлуки, мораме да ги носиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ