Мерцедес не забележале негативни работи од новиот пакет

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, посочи дека не забележале никакв негативност како резултат на новите делови кои ги тестираа во Петок во Монако.

Тимот имаше план да донесе пакет новини за Гранд При трката во Емилија Ромања, но откако истата се откажа, донесоа одлука да ги пробаат новите делови во Монако и покрај тоа што се работи за некарактеристична патека која сама по себе носи многу ризик. Вториот тренинг Хамилтон го заврши на 6то место, додека Џорџ беше 12ти.

тешко е во монако да се суди, тоа го знаевме, но барем видовме дека нема никакво лошо и непосакувано однесување на болидот кое се карактеризира негативно – посочи тото волф.

Запрашан дали возачите го имале потребното ниво на верба во болидот, шефот посочи:

никогаш не сум чул некој возач да кажа дека во монако чувството додека возиш е добро. мислам дека секогаш сте на ивицата, видовме со карлос саинз на крајот од втората сесија и поради тоа не можеме многу да се фалиме, но морам да кажам дека сме во вистинска насока.

Тото откри дека е горд од се што тимот направил за да ги донесе навреме новите делови на патеката.

завршивме одлична работа, целата шасиај е различна, преднта суспензија и подот се различни. огромна работа од сите во бракли што го испорачаа тоа и сега имаме нова база за работа и надоградување во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ